
Фото: Zekirija Shaini
Доктор Зекерија Шаини, кој беше ранет во вооружен инцидент во една од најфреквентните улици во Куманово, е пуштен од болница и закрепнува во домашни услови.
По престојот на Одделението за пластична хирургија на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, докторот првпат јавно проговори за настанот, оценувајќи го како кукавички напад и обид за ликвидација.
„Нападот беше извршен на подмолен начин, од маскирани лица. Сакам да бидам јасен – немам непријателство со никого, ниту сум повредил нечии лични или семејни вредности. Сè му препуштам на Бога. Во тек сме со изборна кампања, но апелирам оваа случка да не се политизира. Немам никакви политички конфликти со никого. Ги повикувам надлежните институции што поскоро да го расветлат случајот,“ изјави Шаини за „Алмакос“.