
Фото: Принтскрин
Мартин Сипковски, младиот човек за кој српските медиуми објавија дека загинал во Белград при експлозија, наводно предизвикана од ненамерна активација на експлозивна направа, се наоѓал во бегство од македонските органи на редот, дознава „Скопје1“ од извори во скопското Јавно обвинителство.
Според информациите, Сипковски бил во куќен притвор, но успеал да избега пред извесно време. Против него се водеше постапка за обид за убиство, а предметот го застапува обвинителот Александар Марковски.
„Точно е дека во Кривичниот суд против него се водат неколку кривични постапки и изречена е мерка куќен притвор до правосилно завршување на кривичната постапка“, кажал Туфегџиќ за „Скопје1“.
Повеќе за тоа може да прочитате на „Скопје1“.