Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Хорор во дом за стари лица: Биле заклучувани, спиеле по двајца во кревет и добивале храна со поминат рок

Gladiator 08/10/2025

Фото: Принтскрин

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до Основното јавно обвинителство – Скопје е поднесена кривична пријава против две лица, Н.Ј. (47) и Т.И. (58), и двете од Скопје. Тие се товарат за сериозни злоупотреби во вршењето на својата функција.

Според пријавата, постои основано сомнение дека сториле кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно член 353 став 5 во врска со ставовите 4 и 1, како и „малтретирање во вршење на службата“ предвидено во член 143 од Кривичниот законик.

„МВР во координација со ОЈО во изминатите два дена обезбеди докази со кои се потврдува основано сомнение дека двете осомничени, во својство на сопственички и овластени лица на две приватни установи за социјална заштита на стари лица во Скопје, постапувале спротивно на Законот за социјална заштита и со намера да прибават за себе имотна корист потешко ги повредиле правата на згрижените лица. Двете приватни установи, во периодот од 2022 година до денес, не ја вршеле дејноста во рамки на издадените дозволи, односно сместувале корисници над дозволениот капацитет, неуредно ја воделе пропишаната евиденција за корисници на социјална услуга, не поседувале досие со стручна документација за сите корисници, не воделе евиденции за одржување на личната хигиена на корисниците, немале вработено соодветен број стручни кадри во смена, а имале  вработено лица без соодветна документација за вработување и немале обезбедено четири дневни оброци со соодветна спецификација за дистрибуираните оброци, како што налагале правилата за нивно работење и условите од решенијата издадени од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Сите недоследности и неправилности се констатирани во записник од извршениот вонреден инспекциски надзор, а за услугата која не исполнувала стандарди и законски услови, од корисниците и нивните блиски наплаќале значителен паричен износ. Месечно од двата објекти остварувале имотна корист во вкупен износ од 2.232.000 денари.

При извршените претреси во двете установи, од кои едната на улицата „Рудо” во Бутел, а другата на улица „Козара” во Центар, утврдено е дека двете осомничени, како лица што постапуваат во службено својство, вршеле физичко и психичко насилство со цел да им нанесат физичка и душевна болка, односно страдање на корисниците и ги изложувале на сурово, нечовечко и понижувачко однесување. Првообвинетата во домот во Бутел сместила 27 корисници – стари лица, иако имала дозвола само за 21 лице, а заедно со второобвинетата во установата во Центар сместиле 33 корисници – стари лица, иако имале дозвола само за 17 лица. За грижа и нега на лицата немале обезбедено соодветен број редовно вработени стручни кадри.

Спротивно на сите правила, во собите сместувале женски и машки лица заедно. Немале обезбедено кревети за сите корисници, па дел од корисниците спиеле на троседи во дневната соба или по две лица спиеле на ист единечен кревет. На сите корисници во двете установи им биле служени оброци со производи со изминат рок, за што се земени и мостри од храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Дел од корисниците биле постојано заклучувани во посебни простории, а на еден дел им била давана терапија со лекови кои не биле препишани од лекар. По наредба на јавен обвинител, на сите згрижени лица им е извршен лекарски преглед и анализи од страна на стручни лица од Институтот за судска медицина. Установите се затворени, а со координација на надлежните државни органи за корисниците е обезбедено соодветно сместување“, соопшти МВР.

Tags: дом полиција стари лица

Continue Reading

Previous: Почина Панчо Минов – беше дел од првиот состав кој изгласа независност на Македонија
Next: По шпекулациите: На 15 километри од Скопје нема да се гради бегалски камп!

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

22/01/2026
(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

22/01/2026
Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

22/01/2026
Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

22/01/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.