
Група македонски туристи во Кина доживеале необична и непријатна ситуација кога локален полицаец ги натерал да го спуштат македонското знаме.
Причината? Полицаецот погрешно помислил дека се работи за „Rising Sun“ – познатото јапонско империјално знаме, кое во многу азиски земји и денес предизвикува остри реакции поради неговата историска поврзаност со милитаризмот и окупациите од Втората светска војна.
По кратко објаснување, забуната била расчистена, а полицаецот се извинил на туристите, кои сепак ја завршиле посетата со анегдота што тешко ќе ја заборават.