
Фото: Принтскрин
Попладнево во Куманово се случи вооружен инцидент во кој беше ранет д-р Зеќирија Шаини, познат пулмолог од Ваксинце и носител на советничката листа на коалицијата предводена од ДУИ во Општина Липково.
Според првичните информации, врз него пукале две непознати лица, а Шахини е погоден во ногата. Тој е пренесен во кумановската болница, каде што му се укажува лекарска помош и е надвор од животна опасност.
Телевизијата „21“ објави видеоснимки од местото на настанот, на кои се гледа полициското обезбедување и увидот што е во тек.