
По смртта на неговиот татко, кажа само неколку зборови
Легендарниот пејач на народна музика, Халид Бешлиќ, почина денес на 71 година, оставајќи зад себе сопруга, Сејда, и син, Дино Бешлиќ.
Дино се огласи пред медиумите и кратко порача:
- Добро сме сите. Таков е животот – изјави Дино, син на Халид.
Инаку, Халид Бешлиќ својот приватен живот често го чуваше подалеку од јавноста. Сепак, е познато дека неговиот син имаше сообраќајна незгода во Сараево во мај 2017 година, при која беа повредени три лица, меѓу кои и тој.