
Фото: Принтскрин
Попладнево во Куманово се случи вооружен инцидент во кој со огнено оружје беше повреден Зекирија Шаини, лекар на Клиниката за пулмологија во Скопје и кандидат за советник од коалицијата предводена од ДУИ во Општина Липково.
Телевизијата „21“ објави видео-снимка од моментот на пукањето, на кое се гледа дел од престрелката пред зградата на Општина Куманово.
Полицијата веднаш го обезбеди местото и започна интензивна истрага за расветлување на случајот и идентификација на напаѓачите, кои според очевидци побегнале по инцидентот.