
Фото: Принтскрин
Во Љубљана вчера е пронајдено безживотното тело на 38-годишен македонски државјанин, потврди портпаролката на словенечката полиција, Шпела Шкопорц.
Според неофицијални информации, постои сомнеж дека станува збор за насилна смрт, бидејќи мажот бил претепан. Полицијата извршила увид на местото на настанот, а дополнително е наредена судска обдукција за точно утврдување на причината за смртта.
„Интензивната кривична истрага е во тек, а сите наоди ќе бидат доставени до надлежното обвинителство“, соопштија од полицијата