
Фото: Принтскрин
Во најновото крваво поглавје од долгогодишните судири меѓу црногорските криминални групи, вчера во близина на Будва беше убиен 33-годишниот Бобан Сјеклоќа.
Тој важеше за високопозициониран припадник на ќелијата на Шкаљарскиот клан во Цетиње, а неговото тело било пронајдено околу 18 часот во автомобил „голф“ со регистарски таблички од Подгорица, паркиран кај плажата Трстено.
Како што пренесуваат „Вјести“, првите до местото пристигнале пожарникари, по дојава дека возило излетало од патот. При увидот, тие откриле дека во возилото има мртво лице кое било застрелано преку шофершајбната. Подоцна беше потврдено дека станува збор за Сјеклоќа, кој со години бил во бегство и важел за значајна алка во структурата на Шкаљарскиот клан во Цетиње.