
Фото: Принтскрин
На 25. по ред протестен марш „Марш за ангелите“, кој се одржа пред Судот во Кочани, родителите на младите кои ги загубија животите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ на 16 март, повторно упатија серија барања до обвинителните органи.
Тие од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побараа целосно презентирање на сите досега прибрани докази, како и јавна одговорност за, како што велат, сериозните пропусти во обвинителниот акт.
Видео: Телевизија M»Net HD