
Фото: Принтскрин
Под врвот Тоска, лавина однесе тројца хрватски државјани кои моментално се водат како исчезнати.
Словенечките спасувачки служби веднаш започнаа акција за пребарување, а во потрагата се вклучени и полицијата и екипи од шумската служба.
Според информациите од Полициската управа Крањ, група од седум планинари од Хрватска престојувала во Водниковата куќа во Веле Поле.
Четворица останале во планинарскиот дом, додека тројцата решиле да продолжат кон планинската патека и покрај неповолните временски услови. При нивното движење, на теренот се активирала лавина која ги повлекла со себе.