
Фото: GladiatorVesti
Во раните утрински часови на 5 октомври, околу 05:36 часот, во Скопје, на територијата на општина Кисела Вода, било пријавено дека патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски таблички било опожарено. Возилото е во сопственост на 33-годишниот Г.Т. од Скопје.
Според информации од СВР Скопје, при пожарот нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до опожарувањето на возилото.
