
Фото: Принтскрин
Вчера околу 23:10 часот, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 30-годишниот Х.С. од Скопје, откако неговата 21-годишна вонбрачна партнерка го пријавила за семејно насилство.
Според пријавата, на 2 октомври во нивниот дом тој физички ја нападнал, а веќе следниот ден, додека таа престојувала кај своите родители, Х.С. дошол и ја зел со себе нивната тримесечна ќерка.
Случајот е целосно документиран, а против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.