
Фото: Горан Ангелов
Горан Ангелов – Ќосето, кој издржува затворска казна поради случувањата во Собранието на 27 април 2017 година, повторно се огласи преку социјалните мрежи. Во својата порака тој нагласува дека веќе осум години е лишен од слобода, далеку од своите деца кои, како што вели, „пораснале без него“.
Ангелов тврди дека неговата жртва била „за Македонија“, но сепак, често бил нарекуван „предавник“ од сограѓани.
„8 години скапуваш за Македонија 8години децата не си ги видел пораснале !И македонците и ради некој клип исечен мотиран додаван замислете си македонците ти пишуат предавник а ти сеуште лежиш за тие шо немаа храброст да сторат нешто,Си ратуел 2001 додекка они спиеле и се криеле ,те судат за терорист за 27 април оставаш фам и одиш да лежиш и пази македонците највеќе плукаат.Ти си “предавник”
А ти се караш со бугари со албанци јавно се замеруеш за кого бе?!
Ја знам кој сум и шо сум а вие знаете за вас ?!
Не заслужувате со к да мрдне човек за вас!
Искрено незнам шо народ ќе бевте да си го мразите своето или љубоморите на голеемината моја, ви смета,епа ела лежете по затвори и борете се можеби и вас ќе ве направат предавници па ќе бидете и тогаш големи.
Само да ви кажам црното добро ми стои а и негативната рекла е сепак реклама ,фала ви на сите шо ме плукавте!
Фала ви многу и пријатно“, вели Ќосето.