
Фото: Принтскрин
Во бразилскиот град Итаиополис, во северниот дел на државата Санта Катарина, беше регистриран шокантен инцидент кога непознат маж активирал експлозив на олтарот во католичка црква. Настанот се случил пред два месеци (30-ти јули) и сега повторно е актуелен, а целата акција е забележана од безбедносните камери.
Објект на нападот била црквата „Свети Естенислав“, која датира од 1922 година и има статус на културно наследство заштитено од државниот и федералниот Институт за национално историско и уметничко наследство. Оваа црква, според општината, е најголемата изградена од полски доселеници во цела Латинска Америка.