
Фото: Јордан Митев
Фолк-пејачот Јордан Митев преку својот профил на Фејсбук упати порака за еден проблем со кој се соочуваат многу општини во земјава – управувањето со комуналниот отпад.
Во објавата тој сподели видео снимено во странство, на кое се прикажува современ, роботизиран камион за собирање смет. На снимката се гледа како возилото ефикасно ја извршува работата, оставајќи по себе совршено чисти улици.
Митев со оваа споредба посочи дека, за жал, во дел од македонските градови ситуацијата е сосема поинаква – по камионите за смет често останува нечистотија, што создава дополнителни проблеми за граѓаните и урбаната средина.