Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Купил пиштол од Скопје, го викнал на кафе и го застрелал во Штип – ова се деталите од Обвинителството

Gladiator 04/10/2025

Фото: Принтскрин

Основното јавно обвинителство во Штип поднесе обвинение против петмина турски државјани кои се товарат за убиството на Енес Оздемир, извршено во мај оваа година.

„По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт за петмина турски државјани инволвирани во убиството на Енес Оздемир од Турција во мај годинава.

Еден од обвинетите се товари за директно извршување на кривичното дело – Убиство од член 123 став 1, како и за неовластено држење на оружјето со кое било извршено убиството согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Тројца од обвинетите му помогнале да го изврши кривичното дело и ќе одговараат за убиство во врска со членот 24, додека една обвинета се товари за помагање на сторителот по извршување на тешкото кривично дело според член 365 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првообвинетиот 21- годишник без регулиран престој во државава, на почетокот на мај од непознато лице во Скопје, неовластено купил полуавтоматско огнено оружје –пиштол марка “FEG” , калибар 9 мм, со избришани податоци за модел и сериски број. Преку мобилни апликации се договорил со оштетениот на 8 мај да се сретнат во кафе бар во центарот на Штип, седнале на една од масите во аголот од летната тераса на кафе барот и разговарале околу 15 минути. Во еден момент обвинетиот отишол до тоалетот и веднаш се вратил, го извадил пиштолот и започнал да пука кон оштетениот, нанесувајќи му шест огнострелни повреди од кои починал.

Тројца обвинети, иако знаеле и биле свесни за неговите намери да го лиши од живот оштетениот, му обезбедиле логистичка поддршка за извршување на делото. Кога првообвинетиот пристигнал во Скопје, на 30.04 му обезбедиле сместување во станот кој и тие го користеле подолг временски период претходно, а му помогнале и преку засега непознати лица да го набави пиштолот. На денот на убиството, со возило на еден од обвинетите, заедно го превезле до Штип.

По извршување на убиството, со цел да не бидат откриени, ја повикале и петтата обвинета да ги превезе со друг автомобил во нејзина сопственост, па сите заедно се упатиле кон Скопје. Кога пристигнале пред наплатната рампа за патарина “Миладиновци“ и кога забележале дека на патарината е поставено полициско возило кое врши контрола, обвинетата иако знаела дека првообвинетиот е извршител на убиство и по него се трага, се обидела да му помогне да не биде откриен и фатен. Таа го запрела возилото на околу 300 триста метри пред патарината, овозможувајќи му на директниот извршител да излезе и да почне да бега надвор од коловозот, покрај автопатот, каде подоцна бил пронајден и уапсен.

Останатите продолжиле да се движат со возилото кон патарината и биле запрени од полициските службеници, кои започнале да ги легитимираат и да вршат преглед над возилото. Иако се обиделе да се дадат во бегство, сепак за кратко време биле фатени и лишени од  слобода.

За четворица обвинети јавниот обвинител побара да биде продолжена мерката притвор, додека за петтата обвинета на сила се претходно определени мерки на претпазливост“, ова се деталите од Обвинителството.

Tags: турција убиство штип

Continue Reading

Previous: (Видео) Дарко брзал дома зашто сопругата му се пораѓала, па настрадал во страшна сообраќајка
Next: (Видео) Зеленски: Дивјачки руски напад врз цивили, погоден е вагон полн со патници

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

10/03/2026
Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

10/03/2026
(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

10/03/2026
(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

10/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.