
Фото: Принтскрин
Еден човек го загуби животот во силните поплави што деновиве ја зафатија Бугарија.
Поројните дождови предизвикаа сериозни штети во повеќе делови од земјата – поплавени се домови, улици и патишта, урнати се мостови, а дел од населените места останаа целосно отсечени од сообраќај, јави БГНЕС.
Според бугарските медиуми, најтешка е состојбата во туристичкиот комплекс „Елените“, каде што рано изутринава спасувачките служби евакуирале дел од туристите.
При акцијата било пронајдено и безживотно тело на маж кој се удавил, потврди заменик-министерот за внатрешни работи, Тони Тодоров.