
Фото: Kindel Media/Free License
Болката во коленото е еден од најчестите проблеми кај луѓето од сите возрасти. Таа може да настане поради различни причини – од директни оштетувања на зглобот, преку воспалителни процеси, па сè до дегенеративни заболувања. Болката понекогаш се појавува само при движење и оптоварување на ногата, но може да биде присутна и во мирување, што е особено алармантен знак и бара лекарска интервенција.
Освен болката, чести придружни симптоми се:
- оток и црвенило околу зглобот,
- чувство на топлина,
- крцкање или пукање при одење (т.н. крепитации).
Природни лекови за ублажување на болката
Рецепт 1 – Лук и лимон за противвоспалителен ефект
- 2–3 чешниња лук
- сок од еден лимон
- малку маслиново масло
Смесата од лук и лимон се нанесува на газа, а подлошката се поставува врз коленото 30 минути, двапати дневно.
Рецепт 2 – Камилица за смирување на болката
- 4 филтер-ќесички чај од камилица
- 250 мл зовриена вода
Ќесичките се прелеваат со врела вода и се оставаат 20 минути. Потоа се користат како облога на болното место.
Рецепт 3 – Смеса за јакнење на зглобовите
- 2 лажици желатин
- 3 лажици суво грозје
- 4 лажици сусам
- 8 лажици ленено семе
- 40 г семки од тиква
- 200 г органски мед
Сите состојки се блендираат и смесата се чува во фрижидер. Се консумира по една лажица три пати дневно, пред оброк, измешана со вода или јогурт. Овој природен лек помага за регенерација на ткивото и подобрување на еластичноста на зглобовите.