
Фото: Принтскрин
Кандидатот за советник од редовите на граѓанската иницијатива „Поинаку“ во Општина Битола, Иван Чулакоски – Чулакот, објави видео на социјалните мрежи во кое ја прикажува новоизградената улица во градот.
Станува збор за улица која само пред неколку дена официјално беше пуштена во употреба од страна на градоначалникот Тони Коњановски.