
Фото: Орце Ѓорѓиевски
Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави серија инфраструктурни проекти со кои, како што вели, ќе се подобри мобилноста и квалитетот на живот во главниот град.
Меѓу приоритетите што ги посочи е изградбата на клучката во Хиподром, која треба значително да го растовари сообраќајниот метеж на тој дел од градот. Ѓорѓиевски најави и проширување на булеварот „Александар Македонски“ со дополнителна, трета лента, како и реализација на првата фаза од булеварот „Хрватска“.