
Фото: Принтскрин
Пензионерите во Македонија вчера беа изненадени со добра вест – нивните месечни примања се зголемени за 1.000 денари, и тоа за сите категории. Доплатата веќе е евидентирана на нивните сметки, а дел од банките ја исплатија пред предвидениот датум.
Ова покачување претставува значајна поддршка за највозрасните граѓани, кои секојдневно се соочуваат со раст на цените и зголемени трошоци за основните потреби.
Со дополнителните средства, пензионерите ќе имаат поголема финансиска стабилност и сигурност, што ќе им овозможи полесно справување со секојдневните обврски.