
Фото: Принтскрин
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, остро ја критикуваше Европската унија, наведувајќи дека Брисел продолжува да практикува двојни стандарди во однос на политиката на проширување.
Според него, однесувањето на Унијата создава чувство на неправедност кај земјите кои со години чекаат на отворање или затворање на преговори, додека други држави добиваат повластен третман. Сијарто потенцираше дека ваквиот пристап ја доведува во прашање кредибилноста на европските институции и ја намалува довербата кај државите-кандидати.
„Грција со години ги блокираше пристапните преговори со Македонија. Дали некој ги обвини Грците? Не. Сега Бугарите имаат предуслови. Дали некој ги критикува? Не, се разбира“, кажа Сијарто.
Сијарто дополнително истакна дека Унгарија постојано се става во негативен контекст и често се посочува како главен виновник за различни проблеми во ЕУ, единствено поради тоа што, како што рече, земјата има влада која не одговара на политичките вкусови и ставови на Брисел.
„Да бидеме искрени, дали било кој што размислува со здрав разум верува дека Украина е во подобра состојба од Србија како кандидат? Дали некој сериозно мисли дека Украина е поспремна за влез во ЕУ од Србија. Србија се турка на страна, а Украина се турка напред“, посочи тој.