
Фото: Принтскрин
По подолго боледување згасна животот на Томе Влашевски – Кубата, истакнат музичар и естраден уметник од Битола, кој остави силен белег на локалната и македонската музичка сцена.
За битолчани тој беше „Кубата“, симбол на енергија и харизма, кој својата кариера ја започна како дел од рок-групата „Хомосапиенс“.
Подоцна ја продолжи својата музичка приказна како вокал во популарниот состав „Молика“, а потоа настапуваше и со групата „Бон Тон“.