
Фото: Принтскрин
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, излезе со најава за пензионерите – еднократната парична помош што ја доделува општината ќе биде зголемена и наместо досегашните 2.500 денари, отсега ќе изнесува 5.000 денари.
„Нашите пензионери од Центар, нашите баби и дедовци добиваат дом за стари лица во Центар! Многу сум среќен што ова е еден од нашите клучни капитални проекти. Едно од моите ветувања кога станав градоначалник беше да им овозможам достоинствено стареење на повозрасните сограѓани.
За првпат пред неколку години почнавме да одвојуваме еднократна парична помош за пензионери со пониски примања и во следниот мандат, овој надоместок го зголемуваме, од 2.500 на 5.000 денари. На денешниот Меѓународен ден на стари лица, им се заблагодарив на пензионерите за целата поддршка што ми ја даваат, заеднички со нив ја подобруваме општината, за Центар што го сакаме“, објави Герасимовски.