
Фото: Принтскрин
Ракометното супердерби меѓу Вардар и Пелистер во СЦ „Јане Сандански“ беше засенето од нереди на трибините, откако дел од гостинските навивачи успеаја да влезат во салата и веднаш предизвикаа сериозен инцидент.
Навивачката група „Чкембари“ почна да фрла факели кон публиката каде што имаше и семејства со деца, што предизвика паника и гнев кај домашните навивачи. Атмосферата за кратко време се вжешти и постоеше опасност од поголем судир меѓу двете страни.