
Фото: Принтскрин
Српската полиција уапси единаесет лица под сомнение дека извршиле серија координирани провокации и вандализми во неколку европски градови, меѓу кои Париз и Берлин. Според соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, групата делувала по инструкции на странска разузнавачка служба.
Осомничените, како што се наведува, пред девет париски џамии оставале свински глави, а дополнително се товарија дека со зелена боја ги оштетиле Музејот на Холокаустот, повеќе синагоги и еден еврејски ресторан во француската престолнина.
Акциите не застанале само во Франција – пред Бранденбуршката порта во Берлин биле поставени бетонски конструкции, кои властите ги опишуваат како „симболични скелети“, со цел да се предизвикаат немир и реакции во јавноста.