
Фото: Принтскрин
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 изјави дека на претстојните локални избори очекува голема излезност и рекорден резултат за неговата партија.
Според него, бројот на гласачи што ќе излезат на изборите би можел да се движи меѓу 850.000 и 900.000, а ВМРО-ДПМНЕ има цел да освои над 400.000 гласови – што, како што нагласи, би претставувало најдобар изборен резултат во историјата на локалните избори.
Мицкоски додаде дека е реално да освојат помеѓу 45 и 50 градоначалнички места, но не исклучи можност таа бројка да надмине и 50.
За СДСМ кажа дека ќе добијат од 0 до 6 градоначалници, додека Левица ќе остане со празни раце.