
Фото: Принтскрин
Проповедта на имамот Салех Абуеленен во џамија во јужниот шведски град Кристијанштад предизвика бурни реакции во јавноста и остри осуди од верските заедници. Иако неговото обраќање било одржано уште во јули, весникот Експресен го објави содржајот дури во понеделник, што дополнително ја засили дебатата во земјата.
Пред преполната џамија, Абуеленен ја одржал проповедта со наслов „непослушни жени“, во која им се обратил на присутните мажи со совети како да постапуваат со своите сопруги. „Непокорноста на жената започнува кога таа престанува да го почитува и слуша својот сопруг“, истакнал имамот.
Според неговото толкување, само сомнежот дека жената би можела да стане „бунтовна“ е доволна причина за примена на одредени мерки. Тој објаснил дека прво треба да ѝ се упати предупредување, потоа да се прекине заедничкото спиење, а ако и тоа не дава резултат – да се премине на физичко казнување. „Удирањето не значи силна или насилна постапка, туку симболично покажување дека одредени граници се прекршени и дека нема друга опција“, додал Абуеленен.
Видеото може да се погледне ТУКА.