
Фото: Јордан Митев
Во домот на познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев владее голема семејна радост. На денот кога православните верници го слават празникот Крстовден, Митев и неговата сопруга станаа родители и го добија најубавиот благослов – раѓањето на нивниот син, кому му го дадоа името Кристијан.
По радосната вест, пејачот се огласи со емотивна порака, упатувајќи благодарност до сите што им ја честитаа и споделија нивната среќа.
„Почитувани,
Ви Благодарам на сите за честитките по повод раѓањето на мојот син.
Тагата и болката се намалуваат кога ќе бидат споделени макар со еден човек, а среќата и радоста се зголемуваат и умножуваат кога ќе бидат споделени со повеќе луѓе. Од Канада и Америка преку Европа и Македонија до Австралија и Нов Зеланд, Ви Благодарам на искрените честитки и споделената радост. Ви Благодарам за честа.
Да сте здрави и живи и Бог нека ви ги услиши сите ваши желби и молитви.
Поздрав до сите каде и да сте!“, напиша Митев.