
Фото: Принтскрин
Променливо облачно време со услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во Скопје ќе преовладува променлива облачност со сончеви интервали, а ќе дува слаб до умерен ветер од север.
„Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура“, соопшти УХРМ.