
Фото: GladiatorVesti
Истражувачката репортерска лабораторија подготви видео за пожарот во Кочани, во кој откриваат досега непознати документи, ексклузивни снимки и лични сведоштва од луѓето што го преживеале овој настан.
Јорданчо Ефтимов сведочи дека во моментите кога се обидувал да го напушти „Пулс“ бил турнат на земја од голема сила.
„Бев турнат на земја од толку голема сила, мислев дека кровот падна врз мене. Се обидов да станам, не можев да станам, имаше луѓе, викаа сите. Само очекував да се угушам или да изгорам таму. Јас се помирив дека е толку. Кога беше топло, се молев да заврши порано“, вели Ефтимов.