
Фото: Принтскрин
Познатиот доктор Ненад Лазаров преку социјалните мрежи предупредува дека низ клиника има неколку души кои лажно се претставуваат како пациенти и просат за пари.
„Има организирана банда од неколку души кои просат низ клиника секој ден редовно, едниот на сам влез на рампа глуми пациент, другите на “терен”. Ве молам не им давајте пари, на дневна база укрупнуваат по неколку илјади денари во околни локали а здрави прави се и со такси заедно си одат секој ден“, вели д-р Лазаров.