
Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше дел од лидерската конференција „Јас сум жена“, посветена на улогата и значењето на жената во современото општество.
„Без мајките, сопругите, сестрите – без жената што со љубов и пожртвуваност го дава најдоброто од себе – нема иднина,“ истакна Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека е горд што токму жените се носители на многу иницијативи во Општина Кисела Вода, додавајќи дека и во Скопје ќе продолжи да биде нивен сојузник.
„Ќе бидам партнер на секоја жена што се бори за своето семејство и заедница. Поддршката за економско јакнење, еднаквост и заштита на жената е моја лична и професионална обврска,“ порача Ѓорѓиевски.