
Фото: Принтскрин
Русија во текот на ноќта изведе масовен воздушен напад врз Киев и повеќе украински градови, користејќи ракети, дронови и тешки бомбардери. Воздушна опасност беше прогласена низ целата земја, дури и во региони оддалечени од фронтот.
Украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха соопшти дека во нападот биле употребени стотици дронови и проектили. Според украинските медиуми, пет бомбардери од типот Ту-95 полетале од аеродромот Олења во Мурманската област околу 1:45 часот по локално време. Кратко потоа, во 2:25, Киeвската воена управа предупреди на полетување на бомбардери МиГ-31К, што предизвика нова тревога низ цела Украина.
Воздухопловните сили на Украина дополнително информираа дека околу 3:52 часот биле регистрирани полетувања на бомбардери Ту-95 и од базата Енгелс. Во текот на нападите, бројни региони беа под закана од ројови ирански дронови „Шахед“, а експлозии одекнаа во Киев, во Кјивската област, како и во Запорожје, Хмељницка и Сумска област.
Russians destroyed entire streets in Kyiv an Kyiv region. Civilian homes and cars are on fire. pic.twitter.com/EgLZv1XL4S
— Victoria (@victoriaslog) September 28, 2025