
Фото: Принтскрин
Даниела Јакимовска бара помош од сите хумани луѓе, откако објави дека немало хемотерапија во Онкологија, а лековите морала да ги купува во други држави.
„Апел за помош. Драги добри луѓе, имам многу да кажам, а не ми излегува ниту еден збор од душата. Во тешка ситуација сум, потребна ми е финансиска помош. Не барам милостина, барам шанса за живот. На мои 46 години се разболев од рак на дојка. Поминав сите тие хемотерапии и баш кога помислив дека се спасив, за неполна година ракот се врати во многу поагресивна форма како метастази на црн дроб. Скоро сите испитувања ги правам надвор од Паланка, дел и приватно. Хемо нема на Онкологија, купувам од други држави, реагенси за тумор маркери нема, и тоа го правам приватно, а уште многу други давачки… Моето семејство веќе не е финансиски моќно да го издржи овој товар. А како да се откажам од желбата за живот“, вели таа.