
Фото: Христијан Мицкоски
На денешната промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, се осврна на политичките ривали, истакнувајќи дека СДСМ настапува во сојуз со ДУИ.
Тој нагласи дека нивната заедничка цел е повторно враќање на власта, со што, како што рече, би се продолжило со практиките на корупција и заштита од страна на обвинителите кои им обезбедуваат политички покровителство.
„Се борат заедно со Али Ахмети ДУИ и тоа е јасно како бел ден, и тоа ние го гледаме на секој чекор. Се борат за да се вратат на власт да продолжат по старо, се борат за да и помогнат на Бугарија да ја матира Македонија, се борат за да се допаднат на сите освен на својот народ“, вели Мицкоски.