
Фото: Принтскрин
Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека Србија би можела да биде соодветна локација за средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.
Во интервју за „Њузмакс“, Вучиќ нагласи дека, од една страна, Трамп ужива голема популарност во Србија, а од друга страна, како словенски народ, Србите одржуваат добри односи и со Русија и со Украина.
„Постојат земји кои од самиот почеток на конфликтот во Украина понудија гостопримство за средба меѓу лидерите. Јас прв официјално ја изразив поканата токму во Обединетите нации. Сметаме дека Србија е идеална локација – претседателот Трамп е многу популарен овде, а ние како словенски народ имаме блиски и братски односи и со Русија и со Украина. Дополнително, Србија е позната по своето гостопримство и отвореност кон странски лидери“, изјави Вучиќ.