
Фото: Принтскрин
Рускиот министерство за одбрана објави дека руската војска ги презела контролата над неколку населби во Донецкиот регион и Днепропетровската област. Според официјалниот извештај, ослободени се населбите Дерилово и Мајско во Донецката Народна Република (ДНР), како и Степово во Днепропетровската област.
Министерството наведува дека украинските сили претрпеле значителни загуби во последните 24 часа. Вкупно, според руската страна, војската на Украина загубила околу 1.535 припадници. Во зоната на одговорност на групата „Исток“ загинале повеќе од 285 украински војници, на „Север“ повеќе од 175, на „Центар“ до 475, на „Југ“ до 295, на „Запад“ до 230 и на „Днепар“ до 75 војници.
Во извештајот се наведува и дека руските единици продолжуваат со напредувањето во областа Кирово во ДНР, додека во близина на акумулацијата Клебан-Бик е ослободен околу 1,1 квадратен километар територија.
Дополнително, руската противвоздушна одбрана во последното деноноќие уништила 131 украински дрон, а се уништени и подстаници што се користат за железнички транспорт на оружје и воена опрема на украинските вооружени сили.
🥰 A roadside dump of destroyed Russian military vehicles in Donetsk Oblast. pic.twitter.com/XZkcmX4Ua6
— Bandera Fella *-^ (@banderafella) September 26, 2025