
Фото: Принтскрин
Од денеска стапи во сила новата забрана за користење на мобилни телефони и слушалки при преминување улица.
Секој што ќе биде затекнат како разговара, „скрола“ или користи слушалки додека минува преку пешачки премин може да се соочи со казна која достигнува и до 40 евра.
Правилото не се однесува само на пешаците, туку важи и за велосипедистите, како и за лицата што управуваат електрични тротинети.
Со оваа мерка се ограничува употребата на сите електронски уреди кои можат да го одвлечат вниманието на учесниците во сообраќајот.