
Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја коментираше руската офанзива во Украина, истакнувајќи дека Москва, и покрај масовните вложувања и човечките загуби, постигнала минимални резултати на бојното поле.
„И покрај интензивните бомбардирања во изминатите две недели, нивните територијални придобивки се речиси занемарливи,“ рече Трамп при обраќање во Белата куќа за време на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој додаде дека Русија потрошила милиони долари за оружје, муниција и ракети, но и изгубила бројни човечки животи, а резултатите се, како што нагласи, „речиси безначајни“.