
Фото: Принтскрин
Страшна сцена на врсничко насилство од Зајечар, Србија предизвика бурни реакции во јавноста, откако на социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа брутално тепање на малолетничка. Снимката за кратко време стана вирална и предизвика лавина од осуди и загриженост кај граѓаните.
Според објавените информации, случајот е пријавен во полиција и обвинителство, а во тек е истрага за целосно расчистување на настанот.
На видеото јасно се гледа како две девојчиња ја напаѓаат својата врсничка. Насилството започнува со извртување на раката на жртвата, по што таа е соборена на земја. Потоа следуваат удари со нозе и газење по главата.