
Фото: Принтскрин
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати сериозни обвинувања кон СДСМ во Струмица.
Тој изјави дека меѓу кандидатите на владејачката партија за советници во општината има лица кои, според него, биле директно вклучени во физички напад врз странски државјани.
„Вистинската СДС се покажува на дело – кандидати за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој е и претседател на младите на СДС, заедно со Илија Стојанов, крвнички тепаа странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото“, изјави Манасиевски.