
Фото: Принтскрин
Српскиот пејач Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина се пуштени на домашно лекување, откако ноќеска околу еден часот по полноќ доживеаја тешка сообраќајна несреќа во близина на Арената во Белград.
Според информациите на „Телеграф.рс“, Лазиќ, кој управувал со „мерцедес“, со голема брзина удрил во автобус, а потоа автомобилот се одбил и завршил во банкина. Првичните сознанија укажуваат дека пејачот не успеал навреме да закочи поради високата брзина и затоа се забил во задниот дел на автобусот.
Од уништеното возило двајцата сопружници биле извлечени од страна на пожарникарите. Иако биле свесни, Лазиќ зборувал неповрзано и не можел да објасни што точно се случило.
„Истрагата ќе покаже дали тоа е последица на повредата на главата или, пак, на евентуално присуство на алкохол или дрога во крвта. Земени се примероци веднаш по несреќата“ – изјавил извор за српските медиуми.