
Од 12 октомври, влезот во земјите од ЕУ ќе се промени драстично. Новиот систем EES (Entry/Exit System) ќе воведе биометриска контрола на границите, што значи фотографирање, отпечатоци од прсти и дигитално регистрирање на вашите податоци. Патниците ќе треба да се вооружат со трпение – се очекуваат гужви на многу гранични премини.
Само Унгарија и Хрватска досега се подготвени за имплементација на системот, што значи дека останатите земји ќе имаат уште време за прилагодување. EES ќе го замени класичниот печат во пасошот, а процесот за секое лице ќе трае околу пет минути.
Следната фаза е системот ETIAS, кој ќе стапи во сила во последните месеци од 2026 година за граѓаните од земјите без визни обврски. Таксата за апликација се зголемува на 20 евра, а одобрението ќе важи три години.
Автоматизираните гранични премини ќе овозможат самостојно скенирање на пасошите, но на оние кои ќе одбијат биометриски податоци нема да им биде дозволен влез. Целта е зајакнување на безбедноста и поефикасна контрола на престојот во ЕУ.
Патници, подгответе се: вашиот следен пат до Европа нема да биде како досега.