
Фото: Принтскрин
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, остро го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи, обвинувајќи го него и советниците од неговата партија дека изминатите четири години го попречувале напредокот на главниот град.
Арсовска посочи дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво не ја поддржала реализацијата на повеќе значајни проекти од јавен интерес. Меѓу нив, таа ги издвојува набавката на нови автобуси, воведувањето бесплатен јавен превоз, набавката на механизација за чистење, како и кадровското зајакнување на противпожарните служби.