
Фото: Принтскрин
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 80. заседање на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк се осврна на прашањето на миграциите и упати остри критики кон Европа.
„Вие ги уништувате своите земји. Европа се наоѓа во сериозни проблеми, преплавена со невидена инвазија на илегални мигранти“, рече Трамп. Тој додаде дека Обединетите нации, наместо да го спречат ваквиот процес, „поддржуваат луѓе кои илегално доаѓаат во САД“.
Претседателот заклучи со предупредување до европските земји: „ОН треба да спречуваат инвазии, а не да ги создаваат и финансираат. Вашите земји одат кон пекол.“