
Фото: Принтскрин
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски остро ја предупреди Москва дека Русија нема право да се жали во Обединетите нации доколку нејзини проектили или авиони бидат соборени по влез во воздушниот простор на НАТО.
Сикорски вчера зборуваше на итната седница на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, која беше свикана откако три руски воени авиони на 19 септември влегоа во естонскиот воздушен простор и таму останаа 12 минути пред да бидат пресретнати од италијански борбени авиони Ф-35.
„Имам само еден барање до руската влада: ако уште еден проектил или авион влезе во нашиот простор без дозвола – намерно или по грешка – и биде соборен, а остатоците паднат на територија на НАТО, ве молам, не доаѓајте овде да се жалите. Ве предупредивме“, порача Сикорски.
Инцидентот во Естонија се случи само неколку недели откако руски дронови завршија на територија на Полска и Романија, што ја зголеми подготвеноста на Алијансата и ги засили стравувањата од ескалација на тензиите меѓу Русија и НАТО.
⚡️ Poland's Sikorski to Russia: “You have been warned.”
— UNITED24 Media (@United24media) September 22, 2025
pic.twitter.com/wcYwAR9hLf