
Фото: Принтскрин
НАТО денеска одржа итен состанок на барање на Естонија, согласно член 4 од Северноатлантскиот договор, поради инцидентот што се случи во петокот кога три руски борбени авиони МиГ-31 влегоа во естонскиот воздушен простор и таму останаа повеќе од десет минути.
Како што се наведува во соопштението по состанокот, сојузнички авиони веднаш реагирале и ги придружиле руските летала надвор од територијата на Естонија. НАТО го оцени овој настан како дел од „сè понеодговорното“ однесување на Москва, кое, како што велат, носи сериозен ризик од погрешна проценка и директно ги загрозува човечките животи.
„Русија мора да биде свесна: НАТО и сојузниците, согласно меѓународното право, ќе ги искористат сите неопходни воени и невоени средства за да се одбранат и да ги одвратат сите закани од кој било правец. Нашата посветеност на членот 5 е непоколеблива“, се нагласува во соопштението.