
Фото: Принтскрин
Здружението на граѓани „16-ти март 2025“, во кое се обединети родители на дел од децата што ги загубија животите во кочанската трагедија, се огласи со порака до јавноста по одржувањето на големиот концерт на Дино Мерлин во Штип.
„Скоро цело Кочани патуваше 30 километри до Штип на концерт. А градоначалникот на Штип, ете, предизборно најде време и срце да ги покани повредените деца и да им обезбеди маси за Дино Мерлин. Респект за гестот, респект за одзивот! А ние се прашуваме… Кочанчани, ако можевте 30 километри до Штип, зарем 300–400 метри до Паркот на револуцијата се премногу? Таму не ве чекаат ѕвезди на сцена, туку споменот на вашите другари и другарки – 62 ангели што таа кобна ноќ ја оставија младоста на овој град“, велат тие.
Да потсетиме, на 16 март животот го загубија 62 лица во големиот пожар во дискотеката „Пулс“.